Натпревари

Здружението на средни училишта ТЕРА ФИТОН АНИМАЛ секоја година организира и изведува натпревари на учениците по одделни дисциплини на општинско, регионално и државно ниво од струка/сектор земјоделство, рибарство и ветеринарство.

Целта на овие натпревари е афирмација на земјоделството помеѓу младите, преку промоција на средното стручно образование со особен акцент на земјоделско-ветеринарната струка/Сектор земјоделство, рибарство и ветеринарство и промоција на компании, институции, организации и здруженија поврзани со образованието, земјоделството, претприемништвото и обуката на младите.

Цели на натпреварите се:

  • вреднување на нивоата на стекнатите знаења, умеења и вештини на учениците;

  • рангирање според постигањата на учениците и

  • откривање на учениците кои се талентирани за одредена област.

Манифестацијата како што популарно се нарекува „Државен тракторски натпревар“ се организира еднаш годишно. Натпреварот е лиценциран од страна на Министерството за образование и наука, а носител на лиценцата е Здружението на средни училишта ТЕРА-ФИТОН-АНИМАЛ.

Учесниците се натпреваруваат во повеќе дисциплини и тоа: земјоделска техника - управување и орање со трактор (во машка и женска категорија), заштита на растенија од болести, штетници и плевели, техники во ветеринарна медицина, размножување на културните растенија и органско земјоделско производство.

Учениците се натпреваруваат во покажување на вештини по одредени области. Овој начин се применува од учебната 2023/2024 година.

50-ти Државен натпревар за учениците од земјоделско-ветеринарната и шумарската струка

Согласно Правилникот за учество, организирање и спроведување на државните натпревари на учениците од Земјоделско-ветеринарната и шумарската струка се одржа 50-тиот државен натпревар. Учениците се натпреваруваа во следните дисциплини: вешто возење (машки и женски); аранжирање на цвеќе; калемење; органско земјоделско производство; распознавање на коски и органи од домашни животни; и распознавање на семиња и плевели. Натпреварот го организираше Невладиното здружение за заштита на интересите на училиштата од земјоделска, шумарска и ветеринарна струка ТЕРА-ФИТОН-АНИМАЛ – Скопје во соработка со Меѓународен славјански универзитет и СОУ „Кочо Рацин” – Св. Николе како домаќини на натпреварот и со помош на Центарот за стручно образование – Скопје и Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ – Скопје.

Државниот натпревар се одржа на 12.05.2022 година на Меѓународен славјански универзитет и СОУ „Кочо Рацин” – Св. Николе. За натпреварот беа пријавени вкупно 126 ученици, а се натпреваруваа 121 ученици/ученички од 10 стручни училишта во кои се реализираат програми од земјоделско-ветеринарната струка.

Натпреварот започна во 10 часот и траеше до 15 часот.

Линк Извештај IZVESTAJ_50_Drzaven_Zemjodelska_Sv_Nikole dopolnet

51-ви Државен натпревар за учениците од земјоделско-ветеринарната и шумарската струка

Согласно Правилникот за учество, организирање и спроведување на државните натпревари на учениците од Земјоделско - ветеринарната и шумарската струка се одржа 51-от државен натпревар. Учениците се натпреваруваа во следните дисциплини: вешто возење (машки и женски); аранжирање на цвеќе; калемење; органско земјоделско производство; распознавање на коски и органи од домашни животни; и распознавање на семиња и плевели. Натпреварот го организираше Невладиното здружение за заштита на интересите на училиштата од земјоделска, шумарска и ветеринарна струка ТЕРА-ФИТОН-АНИМАЛ – Скопје во соработка СОЗШУ „Ѓорче Петров” – Кавадарци како домаќини на натпреварот и со помош на Центарот за стручно образование – Скопје и Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ – Скопје и Земјоделски факултет од Штип при УГД - Штип

Државниот натпревар се одржа на 10.05.2023 година во СОЗШУ „Ѓорче Петров” – Кавадарци. За натпреварот беа пријавени вкупно 126 ученици, а се натпреваруваа 121 ученици/ученички од 10 стручни училишта во кои се реализираат програми од земјоделско-ветеринарната струка.

Натпреварот започна во 10 часот и траеше до 15 часот.

Линк Извештај IZVESTAJ_51_Drzaven_Zemjodelska (2)

a man in a cowboy hat sitting on a tractor
a man in a cowboy hat sitting on a tractor
worm's-eye view photography of concrete building
worm's-eye view photography of concrete building
52-ри Државен натпревар за учениците од земјоделско-ветеринарната и шумарската струка

Согласно Правилникот за учество, организирање и спроведување на државните натпревари на учениците од Земјоделско-ветеринарната и шумарската струка се одржа 52-риот државен натпревар. Учениците се натпреваруваа во следните дисциплини:

  • Земјоделска Техника – Вешто возење ( машки и женски)

  • Размножување на културните растенија

  • Органско земјоделско производство

  • Заштита на растенијата од болести, штетници и плевели

  • Техники во ветеринарната медицина.

Натпреварот го организираше Невладиното здружение за заштита на интересите на училиштата од земјоделска, шумарска и ветеринарна струка ТЕРА-ФИТОН-АНИМАЛ – Скопје во соработка со СОУ „Цар Самоил“ - Ресен како домаќин на натпреварот и со помош на Центарот за стручно образование – Скопје, Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ – Скопје и Земјоделскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев Штип.

Државниот натпревар се одржа на 15.05.2024 година во СОУ „Цар Самоил“- Ресен. За натпреварот беа пријавени вкупно 37 ученици, а се натпреваруваа 37 ученици/ученички од 8 од 10 стручни училишта во секоја од 5 дисциплини по еден учесник од училиште, во кои се реализираат програми од земјоделско-ветеринарната струка.

Натпреварот започна во 10 часот и траеше до 15 часот.

Линк Извештај IZVESTAJ_52_Drzaven_Zemjodelska_Resen_15_05_2024